Image by Freepik

01.12.2022 Скопје

Делчевските пожарникари добија швајцарска донација од опрема за справување со пожари на објекти и отворен простор.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски истакна дека донацијата значително ќе придонесе во опременоста и надградбата на капацитетите на делчевските пожарникари. Воедно, изрази благодарност на Service du feu – Chardonne, од Швајцарија, за донацијата на две скалила за гасење пожари високи по 22 метри и моторна пумпа со голема моќност за испуштање вода при поплави.

Како што додаде Трајковски, донацијата се реализира во соработка со наши иселеници од Швајцарија во чија посета деновиве престојуваше општинска делегација.

Ова е втора странска донација за Територијалната противпожарна единица од Делчево. Претходно, делчевските пожарникари добија донација од доброволното противпожарно друштво од словенечкиот град Чрномељ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *