28.12.2022 Скопје
Новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз и детскиот херој Спајдермен, денеска ги изненадија дечињата кои се сместени во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле.
Многу емоции, среќа и финти на Спајдермен изнудија безброј насмевки, а Дедо Мраз ги слушна најубавите детски желби.
Од Општина Центар на сите дечиња од срце им посакаа добро здравје и среќно детство.
Со пакетчиња се израдуваа и дечињата од Здружението на граѓани за хуманитарна помош „ЗАЕДНИЧКИ ДОМ“ за мајки и деца од Украина кои беа гости во општината, и лицата од Дневниот центар за лица со попреченост „Пролет“, стои во соопштение од Општина Центар.
Подготвено од М.Н.