https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d1/Debarsko_jezero_%28%D0%94%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%BE_%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D1%80%D0%BE%29.JPG/1280px-Debarsko_jezero_%28%D0%94%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%BE_%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D1%80%D0%BE%29.JPG

01.12.2022 Скопје

Водите на Дебарско Езеро се збогатени со 420 килограми подмладок на крап, со просечна тежина од 15 грама по единка.

Врз основа на Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакулрурата за оваа година и по договорот за порибување на риболовното подрачје Дебарско Езеро, помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и АКВАТИКА од Неготино се изврши порибувањето.

Арбен Муладаути, раководител на подрачната единица на ресорното министерство, изјави дека порибувањето со овој вид риба го прават секогаш во овој период од годината.

За спортското риболовно друштво „Трофта” (пастрмка) оваа активност е добредојдена, со што многу ќе се придонесе во збогатувањето на рибниот фонд на езерото.

Инаку, од први минатиот месец на Дебарско Езеро во сила е забрана за риболов на пастрмка, што ќе трае до 31 јануари 2023 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author