20.12.2022 Скопје
Новата коалициска влада на Данска планира да откаже државен празник со цел да ги пренамени средствата за зајакнување на одбраната.
Еден од приоритетите на новата влада е да се стигне целта на НАТО за трошоци за одбрана еднакви од 2 отсто од БДП. Според планот, Владата ќе ја реализира оваа цел три години порано од планираното.
Претседателката на Владата, Мете Фредериксен, најавила дека Владата ќе откаже еден од вкупно 11 државни празници за да ја зголеми продуктивноста и економската активност. Веројатно ќе биде откажан празникот на Големата молитва, кој се празнува во петокот пред четвртата недела по Велигден од 1686 година.
Мерката предизвикала коментари и критики од страна на црквата, но и од некои бизнисмени.
Подготвено од А.Ѓ.