https://www.instagram.com/p/Cgtsrk-Mi57/

26.12.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ја оцени како „срамен чин“ одлуката на косовските власти да му забранат на патријархот на СПЦ Порфириј за Божиќ да оди во Пеќската патријаршија.

Дачиќ ја осуди меѓународната заедница бидејќи не реагирала во врска со настанатата ситуација и изјави дека ваквата забрана за кој било верски лидер во Европа би предизвикала најостри можни реакции.

Тој оцени и дека суштината на излезот од актуелната ситуација на Косово е меѓународната заедница да изврши притисок врз косовскиот премиер Албин Курти.

Српскиот шеф на дипломатијата истакна дека државниот врв на Србија ќе продолжи да се залага за мир и решавање на сите проблеми преку дијалог и дека нема да се дозволи повторно да има било каков прогон на Србите од Косово.

Подготвено од М.Н.

About Author