cheshka narodna banka

07.12.2022 Скопје

Во документот презентиран од Министерството за финансии и Чешката народна банка стои дека Чешка не е подготвена да ги исполни критериумите за влез во еврозоната и владата засега треба да се воздржи од одредување датум за усвојување на еврото.

Чешката Република, една од седумте земји на ЕУ кои не ја користат заедничката валута на ЕУ, се обврза да го усвои еврото кога се приклучи на блокот во 2004 година, иако земјите-членки треба да одлучат за датумот за воведување на еврото.

Во документот претставен во средата пишува дека е многу мала веројатноста Чешка да ги исполни одредниците на некој од критериумите од Мастрихт во 2022 или 2023 година.

Во ноември, премиерот Петр Фиала им потврди на новинарите дека земјата нема да го усвои еврото под неговата сегашна влада, додавајќи дека „не се согласила за усвојување на еврото, бидејќи не го сметаме за реално во моментов“. Воедно, додаде дека владата сака да им дозволи на компаниите да ги чуваат сметките во евра.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author