cheshka granica

23.12.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, властите во Чешка ја продолжија контролата на границата со Словачка за уште 30 дена во обид да се справат со миграцијата од Словачка.

Министерството за внатрешни работи укажа дека мерката е продолжена до крајот на јануари, иако појасни дека ќе има помало присуство на полиција во пограничната област.

Контролите за кои станува збор требаше да истечат во недела, Божиќ. Меѓутоа, властите сега одлучија да ги продолжат. Министерот за внатрешни работи Вит Ракусан рече дека е намален и бројот на мигранти кои се фатени по илегално преминување на границата.

„Иако ситуацијата на границата не е идеална, забележано е значително подобрување“, посочи Ракусан. Од крајот на септември, повеќе од 2,5 милиони луѓе ја поминале областа, граница долга 250 километри. Оттогаш, според владините податоци, се уапсени вкупно 9.301 мигрант.

Покрај тоа, 134 лица се приведени во изминатите три месеци за наводен шверц на луѓе, додека околу 2.300 мигранти мораа да се вратат на словачка територија откако нивните барања беа одбиени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author