https://www.freepik.com/free-photo/good-looking-woman-standing-front-vegetable-shelves-choosing-what-buy_11450434.htm#query=people%20in%20a%20supermarket&position=2&from_view=search&track=sph

02.12.2022 Скопје

Агенцијата на ОН за храна и земјоделство ФАО соопшти дека цените на храната останаа речиси непроменети во ноември, бидејќи падот на цените на житарките, млекото и млечните производи го неутрализираше поскапувањето на маслодајните семиња и шеќерот.

Индексот на цените на ФАО на кошничката основни прехранбени производи во ноември во просек изнесуваше 135,7 поени и е за 0,2 поени понизок од октомври.

Цените се, исто така, речиси еднакви на нивото од ноември 2021 година.

Во ноември најмногу паднале цените на житарките – за 1,3 отсто во однос на октомври, а потоа млекото и млечните производи, со пониски цени за 1,2 отсто. Пченицата и пченката поевтинија за 2,8, односно 1,7 отсто во однос на октомври, делумно благодарение на продолжувањето на договорот за извоз од црноморскиот регион.

Послабата побарувачка на путер, обезмастено и полномасно млеко во прав влијаеше на цените на млекото и млечните производи. Поевтини и месото, и тоа за 0,9 отсто.

Подготвено од А.Ѓ. 

About Author