https://www.facebook.com/photo.php?fbid=535490218580398&set=pb.100063582736486.-2207520000..&type=3

02.12.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека, во во рамки на мерките за даночни реформи, како и за праведност на даночниот систем во земајва, ќе има намалување на даночното оптоварување на производите за менструална хигиена за жените.

Премиерот Димитар Ковачевски додаде дека ќе има намалување на ДДВ-то на производи за менструална хигиена од 18 на 5 проценти за да се придонесе за поголема достапност на овие производи до сите жени.

Ковачевски појасни дека во текот на изминатите години нашата економија поминувала низ најголемите предизвици како и другите земји поради кризите. Исто така, Ковачевски посочи дека е донесен план за фискалана консолидација, истакнувајќи дека наплатата на даноците како процент од БДП е под процентот на земјите на регионот, и далеку под просекот на разивените земји.

Премиерот изјави дека клучната карактеристика на новиот даночен систем е праведноста и со воспоставување на праведен даночен систем ќе се делува и ќе се темели реформата која ја планираат. Воедно, додаде дека целиот концепт е поделен во четири категории, првата група се данок на добивка, данок на додадена вредност и други, каде ќе се прошири даночната база, а таргетирани се и даночните ослободувања. Планот е да се изедначат даночните обврзници, без оглед на дејноста.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author