21.12.2022 Скопје
Претседателот на Русија, Владимир Путин вети дека ќе бидат задоволени сите потреби на руските вооружени сили.
Во обраќање на руското воено раководство на продолжениот состанок на одборот на Министерството за одбрана во Москва, Путин истакна дека нема финансиски ограничувања за снабдување со опрема и хардвер за руската војска.
Претседателот на Русија Владимир Путин истакна дека НАТО ги користи сите свои ресурси против Русија и ги охрабри собраните воени лидери да се потпрат на искуството што го стекнале во борбите во Сирија, и за време на специјалната воена операција во Украина.
Поздравувајќи ги руските војници и командниот персонал како херои, Путин истакна дека Русија треба да посвети посебно внимание на важноста на беспилотните летала во конфликтот со Украина.
Рускиот лидер исто така потврди дека фрегатата „Адмирал Горшков”, вооружена со хиперсонични ракети Циркон, ќе започне со борбени патроли на почетокот на 2023 година.
Подготвено од М.Н.