https://commons.wikimedia.org/wiki/File:National_Assembly_of_Bulgaria_Sofia_TB.jpg

02.12.2022 Скопје

Од денеска вработените во бугарското Министерство за надворешни работи почнуваат со штрајк поради ниските плати.

Претседателот на Синдикатот на државните службеници од Дипломатските служби, Мартин Колев, соопшти дека вработените во секторот ќе одат на работа, но нема да ги извршуваат службените задачи.

Според Колев, во моментов не е планирано да протестираат пред министерството, а потсети и дека официјалните лица тоа го направиле во средата.

Локални медиуми објавија дека просечната плата во тоа бугарско министерство е од 800 до 1.000 лева.

Бугарскиот министерот за надворешни работи Николај Милков на вршителот на должноста премиер Галаб Донев му предложил платите на вработени во МНР да се зголемат за 30 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author