https://www.facebook.com/photo?fbid=520561156785301&set=a.294302789411140

05.12.2022 Скопје

ГЕРБ-СДС за свој кандидат за премиер го претстави Николај Габровски, кој денеска го прими првиот истражувачки мандат од претседателот Румен Радев.

Габровски е началник на Клиниката за неврохирургија во најголемата болница за итни интервенции „Пирогов” во Бугарија.

Радев на Габровски му соопшти дека очекува во рок од седум дена да предложи состав за нова бугарска Влада што ќе ги исполни високите очекувања на јавноста за стабилност, стручност и одговорност. Претседателот кажа дека како прва политичка сила во Бугарија, одговорноста на ГЕРБ за формирање влада е најголема.

Габровски од своја страна кажа дека за него е должност и прашање на чест да вложи максимални напори Бугарија да има функционална влада.

Според Габровски, во моментов во Бугарија веќе втора година има политичка криза и рече дека ќе направи се што е можно да предложи влада која е далеку од политички разговори и конфронтации.

Кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС има рок од една недела да формира влада. Ако не успее, вториот мандат ќе биде доделен на „Промените продолжуваат”.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author