Image by Racool_studio on Freepik

07.12.2022 Скопје

Претседателот Румен Радев објави дека Бугарија започнува со подготовки за ковање евро монети, потег кој се смета за симболичен бидејќи оваа земја од еврозоната се уште не покажува подготвеност еден ден да го усвои еврото.

Во меморандумот потпишан во текот на вчерашниот ден, Бугарија, земјите од еврозоната и Европската комисија се согласија Бугарија да започне со подготовки за ковање монети, без да гарантираат дека Бугарија ќе влезе во еврозоната.

Радев истакна дека потпишувањето на меморандумот е признание за напорите на неколку влади, вклучително и напорите на преодната влада да се справи со огромната инфлација, а признаени се и напорите за макроекономска стабилност.

Министерството за финансии соопшти дека технички, меморандумот дозволува ковање на одредени количини пробни монети со бугарски симболи на нив.

Според гувернерот на бугарската народна банка Димитар Радев, објавувањето на подготовките за ковање ги зголеми шансите на Бугарија да биде прифатена во еврозоната за 30-40%.

Бугарија има за цел да влезе во еврозоната на 1 јануари 2024 година. Во пролетта 2023 година, земјата ќе побара од Европската централна банка и Европската комисија да подготват конвергентен извештај за да процени дали Бугарија ги исполнува условите.

На крајот на октомври, парламентот усвои одлука владата и БНБ да ги забрзаат напорите за воведување на еврото во Бугарија од 1 јануари 2024 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author