https://www.flickr.com/photos/orderstandrew/52143508896/in/photolist-2nrK7xs-24TtfXT-26fo3ZB-25cyLWm-2naZYP3-2nb6j9n-2n858nk-2nqvsk1-wgKy25-2nb4SAY-2nb5cao-2nb71To-2naYHjh-bo2sVn-2nb4SxB-2nb8q52-2naZqet-2nb7H5r-2nb5Upn-2nb71Zk-2naYHfp-2nb5c8e-2nb7H7R-2nb5c8z-2naYHen-2nb4SyZ-2naYHbg-2nb5Urg-2nb4Suv-2nb5zKg-2naZqfA-2nb5UrM-2nb5UnU-2naZqe8-2nb5zMv-bo2sNx-2nrKcdB-2nrKckA-2nb7H6o-2nrMz5F-2nb5c7s-2nrK6sS-2nrKcD1-2nrMApK-2nrKbRu-2nrK6N1-2nrLiCj-2nrDRMM-2nrK77C-23wCQHQ

23.12.2022 Скопје

Во денешниот број на бугарскиот Државен весник објавен е дека Законот за ратификација на Договорот меѓу Министерството за одбрана на Бугарија и Министерството за одбрана на Украина за бесплатно обезбедување на вооружување, опрема и муниција.

Пред неколку дена службениот министер за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов изјави дека по ратификацијата во 48. Народно собрание, претседателот Румен Радев треба да донесе указ со кој ќе го потврди предлог-законот и дека додека не биде објавен во Државниот весник, Бугарија нема како да ја обезбеди бараната воена опрема на Украина.

Бугарскиот министер за одбрана Стојанов на почетокот на неделата беше во Украина каде беше примен од неговиот украински колега Олексеј Резников и разговараа за воената помош што Софија ќе му ја даде на Киев против руската агресија.

Со објавувањето на указот, претседателот на Бугарија, Румен Радев ги пушти пратките со воена помош за Киев и покрај заканата на БСП дека ќе побараат произнесување од Уставниот суд.

Подготвено од М.Н.

About Author