13.12.2022 Скопје
Британската Канцеларија за национална статистика објави дека стапката на невработеност во Британија се искачи на 3,7 отсто, но основните плати се зголемени за најголем рекорд досега, со исклучок на периодот на пандемијата на коронавирус.
Банките на Англија внимателно го следат растот на платите додека се обидуваат да ги проценат ризиците од долгорочните проблеми со инфлацијата во Британија кои доаѓаат од тесниот пазар на труд во земјата.
До сега редовните плати се зголемени за 6,1% а тоа е повеќе од очекуваното во периодот од август до октомври оваа година. Овој пораст на редовните плати е најголем од почетокот на евиденцијата во 2001 година, исклучувајќи ги скоковите за време на периодот на ковид-19, кои беа искривени со заклучувањата и владините мерки.
Од ОНС соопштија дека стапката на економска неактивност, односно невработеност, падна во трите месеци до октомври на 21,5%, односно за 0,2 процентни пониско од претходниот тримесечен период.
Во анкета која е спроведена меѓу еконмистите во Британија, добиени се резултати дека се очекува стапката на невработеност да се зголеми на 3,7 отсто а тоа е за еден процент повисоко од моменталната состојба со невработеноста.
Подготвено од М.Н.