01.12.2022 Скопје
Агенцијата за азил на Европската Унија соопшти дека бројот на луѓе кои бараат азил во Европа го достигнал својот максимум во последните шест години.
Агенцијата додаде дека сириските граѓани најмногу бараат меѓународна заштита, а само во месец септември биле поднесени околу 98.000 барања за азил во 27 земји-членки на ЕУ, како и во Норвешка и Швајцарија, колективно познати како ЕУ+.
Околу 15.500 Сиријци и 13.700 Авганистанци официјално побарале меѓународна заштита, а Авганистанците се најголемата група на апликанти секој месец откако Талибанците ја презедоа власта во летото 2021 година.
Турските државјани ја сочинуваат третата по големина група, со 5.800 апликации во септември, што е историски максимум за земја во која ЕУ ги враќа потенцијалните мигранти.
Исто така, голем број луѓе кои бегаат од руската инвазија на Украина бараат статус на привремена заштита, што им овозможува краткорочен пристап до финансиска помош, домување и помош за вработување.
Во 2015 година, беше предизвикана една од најголемите политички кризи во Европската унија, кога повеќе од еден милион луѓе, повеќето Сиријци, влегоа во земјите-членки на ЕУ.
Според податоци во агенцијата, во месец септември е забележан рекорден број и на Индијци, Бангладешци, Мароканци, Египќани, Тунижани и Грузијци.
Подготвено од М.Н.