16.12.2022 Скопје
Британскиот тенисер, Енди Мареј ги донираше сите пари кои ги заработи од тенисот на децата во Украина, и поради тоа е добитник на „Артур Еш“ хуманитарната награда на АТП.
Мареј уште во март, од кога почна инвазијата на Русија во Украина, објави дека сите наградни фондови ќе ги донира во Украина преку УНИЦЕФ, а сега се откри дека сумата е во висина од 630.000 долари.
Мареј истакна дека оваа награда му е дополнителна мотивација и дека многу го исполнува фактот што помошта оди кај дечињата, бидејќи во Украина има 7.5 милиони деца и повеќе од девет месеци воен конфликт.
Британскиот тенисер додаде дека тој има четири деца кои се среќни, и кога ги видел снимките од децата во Украина како родител премногу го погодиле.
Подготвено од М.Н.