eu i kosovo

19.12.2022 Скопје

Пристапувањето на Косово во Европската Унија ќе биде долг и комплициран процес, имајќи предвид дека пет држави членки на ЕУ не ја признаваат самопрогласената косовска независност.

Од Брисел истакнаа дека кога станува збор за барањата на земјите за членство во ЕУ, постои одредена процедура која мора да се почитува, а Косово не е исклучок, и затоа во овој случај постојат многу различни параметри кои институциите на ЕУ мора да ги земат предвид.

Европската унија ќе го разгледа барањето на Приштина, но сите понатамошни чекори во односите меѓу Брисел и Приштина ќе можат да се преземат само со едногласна согласност на сите држави членки во унијата.

Премиерот на Косово, Албин Курти, официјално во Прага му го предаде барањето за членство во ЕУ на чешкиот министер за европски прашања Микулаш Бек.

Подготвено од М.Н.

About Author