https://www.facebook.com/photo.php?fbid=655965059219015&set=pb.100044165812469.-2207520000.&type=3

30.12.2022 Скопје

Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва за министерка за животна средина ја именуваше Марина Силва, која е посветена и се залага за заштита на Амазон.

Лула и Силва заедно присуствуваа на климатската конференција на Обединетите нации во Египет, при што бразилскиот претседател ја истакна заштитата на Амазон како клучна во борбата против климатските промени.

Оттаму именувањето на Силва за министерка за животна средина покажува дека приоритет на бразилската Влада ќе биде сузбивање на нелегалната сеча во Амазон, дури и ако тоа значи спротивставување на интересите на моќниците од агробизнисот.

Бразилскиот претседател Лула исто така го именуваше производителот на соја Карлос Фаваро за министер за земјоделство и Соња Гуајахара за прва министерка за домородни прашања.

Подготвено од М.Н.

About Author