23.12.2022 Скопје
Претседателството на Босна и Херцеговина ја избра Борјана Кришто за мандатар на идниот состав на Советот на министри на Босна и Херцеговина за периодот 2022 – 2026 година.
Борјана Кришто не се појави во Претседателството на БиХ, и сеуште ја нема претставено својата програма пред тричлениот колективен шеф на државата.
Претседавачот Жељка Цвијановиќ (СНСД) и членот на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ (СДП) гласаа за назначувањето на Кришто, додека Жељко Комшиќ (ДФ) беше против.
Кришто по поминатите безбедносни проверки официјално ќе го започне процесот на избор на нови државни министри, а новиот совет на министри мора да биде важен иницијатор на бројни процеси во контекст на забрзување на евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина.
Подготвено од М.Н.