29.12.2022 Скопје
Високиот претставник на Европска Унија, Жозеп Борел, изјави дека „руските воени злосторства нема да поминат неказнети”, како и дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина.
Борел на Твитер напиша дека Русија изврши уште еден бесмислен и голем руски ракетен напад врз Украина, кој неселективно уништува инфраструктура и медицински институции, намерно цели и убива цивили.
Градовите низ Украина, вклучително и Киев денеска се цел на руски ракетни напади. Според украинските власти, руските сили истрелале повеќе од 120 ракети.
Подготвено од А.Ѓ.