26.12.2022 Скопје

Јевгениј Пригожин, кој е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин и шеф на платеничката воена група Вагнер, во интервју отворено ги нападна олигарсите и другите богати Руси.

Пригожин, кој ретко се појавуваше во јавноста во минатото, се залага за идејата на олигарсите да им се одземе нивното богатство за да ги принудат да ги поддржат руските трупи во Украина.

Пригожин, кој исто така се смета за руски олигарх на Запад, е под санкции од западните влади поради улогата на групата Вагнер во руската инвазија на Украина, а се бара и од ФБИ поради мешање во изборите во САД.

Пригожин неодамна регрутираше руски криминалци за војната во Украина во замена за амнестија, а исто така, се почесто јавно го критикува врвот на руската армија за начинот на кој се води војната против Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *