https://vlada.mk/node/31417

15.12.2022 Скопје

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска се обрати на „Форумот за филантропија“ во организација на тимот на Конект во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерства за донирање, а во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Република Северна Македонија.

Битиќи во своето обраќање истакна дека филантропијата за него значи да имаш вештини, можности и среќа да создадеш нешто, твојата замисла или сон да се оствари, за тебе, а потоа со давање на дел од тоа нешто, среќата да ја споделиш со некој друг, потенцирајќи дека за него значи да си свесен и да ја почитуваш твојата среќа доволно за да знаеш дека е се поголема онолку пати колку што е споделена.

Како што соопштуваат од Владата, Битиќи има истакнато дека денешните модерни општества се соочуваат со многу комплексни предизвици кои бараат брза прилагодливост, но и повеќесекторско или интердисциплинирано делување. Воедно, одржливиот економски развој, заштитата на животната средина, грижата за човековите права и многу други сегменти, според Битиќи, не можат успешно да се адресираат само од една страна и еден актер, било да е тоа Владата, граѓанскиот сектор или бизнисите, туку бара здружено заедничко делување и партнерски однос и токму филантропијата ја има таа улога на сврзување на овој quadruplle helix ако се земат во предвид и граѓаните, со што сите стануваме активни чинители во нашите заедници.

„Република Северна Македонија е дел од меѓународните текови и ја следи Агендата 2030 и Целите за одржлив развој што заедно со сите земји членки на Обединетите нации прифативме да ни бидат водилка. Оваа рамка нѝ дава насока за соработка и заедничко работење за одржлив развој во кој филантропијата е несомнено еден од централните механизми. Поради ваквата значајна улога на филантропијата во поттикнувањето на развојот, Владите, вклучително и нашата го поддржуваат донирањето и филантропијата. Во оваа насока, во тек се измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности преку кои полесно ќе се обезбедуваат даночни поттикнувања на донациите од граѓаните и претпријатијата“, истакна Битиќи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author