15.12.2022 Скопје
Од граѓанската иницијатива на Град Скопје изјавија дека за градот конечно е донесена историска одлука со тоа што советот на Град Скопје го усвои предлогот на „Зелен хуман град“ за јавно објавување на решенијата за интервенција врз зеленилото.
Во Скопје повеќе нема да може да се сече, корне, кастри зеленило без знаење на граѓаните, истакнаа од граѓанската иницијатива.
Ова е огромен напредок во заштитата на зеленилото во Скопје и во овозможувањето пристап до правда за граѓаните со цел заштита и унапредување на животната средина и природата, изјавија од „Зелен хуман град“ и истакнаа дека за нивниот предлог гласале 28 советници од сите советнички групи.
Со донесувањето на ваква одлука сите решенија што Град Скопје ги издава за интервенција врз зеленило ќе бидат јавно објавувани заедно со записниците на денот на нивното издавање, а решенијата нема да стануваат правосилни додека не истече законски утврдениот рок за жалба, истакнаа од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ Скопје.
Подготвено од М.Н.