https://www.facebook.com/24vesti.mk/photos/basw.Abp2W7vm9IzIjCQfaI2hlfIsQ_OQeYYLZYfggPUoHT3BcTw3cuCrhoUAosUYbeNT36MM_6ZDKUrnMM4rrbwGhxHyUSWkVwqQ585fOgmz8koD_nh_BhUSsOVQjc6iOyl8xdnq6gBu5RrR9GeUfQ4P4Vc-/4448015601965196/?opaqueCursor=AbqWbG1r3gmvLRcs89-fy_O81dk74v4JlqyH-Au7lNtBN15KRC9W8g44j07AftjBcMWw_lHq2TYRmD-GPhrUEG7_tY6XjYdCML_tYuQyRsSwg65_3nqiMBOEu3ie5P9pzMFXrfjQQTCvIy9QW00Nt7jLFPGEA2VSxMbBDW_057dYxOy5CiJkp82I2lXAvc9hHxkdNepEXVkNt0E8SRtll9E-Mzi68iO-qlIdbHbyX39Mh0PPd0Nx7OcUFwQ3t9WtYsjz-RTah73arx_1QSUWeWH-Tcwr-umQz2RRydR4JXq_yrf7lTLU-oUbwKlgIhCW5Sbp1XBJlsO0nxsYmmGoLWZmb-A6SQ7Imcq4-5QQNsdkitAgKXRQN132OmzYY1ZJdCiUVx6ugrcZAx5kXD8heY-mr5FvE-NZMcmJfEAEk_OiZuhw-H1XVDJGEUZOEOYUtFu1kSbHmIklSFVvCILmdT_vCEmnGpZ7hnPNsjbaAaHIU8S0k3Rqv_N8vzpUPsdkeNvr5O8pVpE1gGpJIjAhCgPtXgRDqYyq8zOe4lGO16I1C3LrlRHP_XrBw4xunU6BvbhZQUSw8clwitnp3wSauxXK3HiGJK-_XIcPQ3InQ7w2JLfsJGMe3w2uDkQlniNDfKqCago1N95h7tSD9GFGCXYhU_AVP4BQmZ6pCm4DFe-0ZzdK39w1m3dDfnaVoWjrYxUvhL-oachgJDHexZ5Zsc0X_sCvbNCEjM76egT56YG-kozISdhIZuGD6-S-8lMAH8_5jWBC4cBkgx-UCsFgPH80kIdZUoK0yXwPAurbuNy9tvC5YSlMqGw4lDBoKwSudyPwaDarPVcjzt9y_NlInbYvkk1J5k0CSCJbW6wE2a0qaD1ZGPKnX7XAFFB1oioS-PbHFkiqM2hnr-j6Rt69goN4SCx9hLKLPJ5QVAu4CMgst1TAGUtQbOk3xQ5f0v6ug9j58ByL0atDnTrUYPjSlXm0

06.12.2022 Скопје

Белоруското Министерство за одбрана соопшти дека вооружените сили на Белорусија се почнати со вежби за борбена готовност на сите категории припадници на Армијата.

Како што соопшти белоруското Министерство за одбрана, вежбите се одржуваат во согласност со планот за обука.

Во соопштението се наведува дека примарните цели на вежбите се унапредување на оперативноста на воените командни центри, унапредување на практичните вештини на командантите, како и обука на кадрите за делување во различни средини.

Претходно, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, повеќе пати повтори дека Белорусија нема потреба за мобилизација.

Министерството за одбрана на Белорусија на почетокот на октомври соопшти дека во случај на потреба може да мобилизира 500.000 обучени војници.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author