13.12.2022 Скопје
Министерството за одбрана на Белорусија соопшти дека е започната ненајавена проверка на борбената готовност на своите војници.
Тоа ќе бидат активности од сеопфатен карактер, војниците ќе мора што е можно поскоро да бидат префрлени во одредени области, да се организира заштита и одбрана, да се изградат мостови над реките Неман и Березина, а од министерството соопштија и дека ќе биде организирано движење на воена опрема и персонал и дека на одредени патни правци ќе има ограничен сообраќај.
Иако неколку пати до сега беше навестувано дека Белорусија би можела да се приклучи на конфликтот во Украина како сојузник на Русија, меѓутоа некои воените аналитичари сметаат дека претседателот Александар Лукашенко нема да се реши на тој чекор, но сепак белоруските лидери не ги демантираат ваквите информации.
Некои од воените аналитичари истакнаа дека и покрај оваа информативна пропаганда, многу е мала веројатноста Белорусија да ја нападне Украина во скора иднина.
Подготвено од М.Н.