https://www.facebook.com/photo.php?fbid=469779108678488&set=pb.100069392071612.-2207520000.&type=3

20.12.2022 Скопје

Американскиот институт за проучување на војната во Украина истакна дека белорускиот лидер Александар Лукашенко веројатно успеал да ги стопира напорите на рускиот лидер Владимир Путин да ја принуди Белорусија на дополнителни отстапки за време на вчерашната средба во Минск.

Путин и Лукашенко се воздржаа од јавно коментирање за руската инвазија на Украина, но истакнаа дека Белорусија се уште се соочува со закана од Западот.

Институтот претходно оцени дека Лукашенко ја користи реториката на одбрана на границите на Белорусија од Запад и НАТО за да избегне учество во руска инвазија.

Фактот дека Путин изгледал неубедливо ги прифатил темите на разговор на Лукашенко, укажува дека Белорусија нема да учествува во војната на Путин против Украина, соопштија американските аналитичари.

Подготвено од М.Н.

About Author