https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/9/94/2019-05-04_Sprouting_Barley_Grain.jpg

10.12.2022 Скопје

Портпаролот на ОН изјави дека Белорусија вчеравечер им соопшти на ОН дека ќе се согласи, без никакви услови, за транзит на украинско жито преку нејзина територија за да може да се извезува преку литванските пристаништа.

Во петокот, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш се состана со заменик-министерот за надворешни работи на Белорусија, Јуриј Амбразевич.

Портпаролот Стефан Дујарик истакна дека Амбразевич ги повторил барањата на неговата владата, тие да можат да извезуваат свои ѓубрива, кои во моментов се под санкции.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *