23.12.2022 Скопје
Лионел Меси ќе потпише нов договор со францускиот првак Пари Сен Жермен, потврдуваат сигурни извори од Париз.
Се наведува дека, наводно Меси ќе потпише нов договор за 1+1 сезона, идентично како и кога пристигна од Барселона.
Желбата на Меси уште еднаш да ја освои Лигата на шампионите по Светското првенство е многу голема и смета дека има многу поголеми шанси тоа да го оствари како член на Пари Сен Жермен.
Барселона и овојпат загуби во битката за Меси, светскиот шампион и најдобриот играч во историјата ќе остане на „Паркот на принцовите“.
Подготвено од М.Н.