13.12.2022 Скопје
Барањето на Босна и Херцеговина да стане земја кандидат за членство во ЕУ ќе се најде на дневен ред на состанокот на министрите за европски прашања на Унијата, кој што денеска ќе се одржи во Брисел, и доколку амбасадорите дадат „зелено светло”, таа одлука денеска би ја потврдиле министрите а потоа ќе се чека и одобрување од лидерите на Европската унија на нивниот самит кој ќе се одржи на 15 декември.
Според некои европски портали се шпекулира дека неколку земји членки го поддржале кандидатскиот статус за БиХ, но некои земји-членки на ЕУ се уште се колебаат во конечната одлука, односно како земји кои се против ги наведуваат Франција, Холандија и Германија.
Босна и Херцеговина аплицираше за членство во ЕУ уште во 2016 година, а во октомври годинава Европската комисија препорача земјите-членки да и дадат кандидатски статус на БиХ, но со листа од осум услови кои земјата мора да ги исполни во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Подготвено од М.Н.