21.12.2022 Скопје
Бајден денеска ќе оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски кој е во официјална посета на САД и Бајден нема да врши притисок врз Зеленски да седне на преговарачка маса со рускиот претседател Владимир Путин.
Тие ќе разговараат за секој елемент од конфликтот, вклучително и за состојбата на линијата на фронтот и за проценките за тоа како да се оди напред, изјави американски функционер.
Администрацијата на Бајден до сега има обезбедено воена помош од околу 20 милијарди долари за Украина, вклучувајќи артилериска муниција, муниција за системот за воздушна одбрана НАСАМС и ракетни системи ХИМАРС.
Снабдувањето со ракети „Патриот“ за Украина треба да ја подобри воздушната одбрана на Украина од руските ракети, а украинските сили ќе бидат обучени во трета земја и се претпоставува дека Германија би можела да биде земјата каде што ќе се одржи обуката.
Плановите за посетата на Зеленски беа чувани во тајност бидејќи американските и украинските власти се обидоа да го извлечат безбедно од земјата и да го доведат во САД.
Подготвено од М.Н.