https://www.facebook.com/photo.php?fbid=654846226642344&set=pb.100063509179160.-2207520000.&type=3

14.12.2022 Скопје

Претседателот на Америка Џо Бајден го потпиша законот за заштита на истополови бракови кој ќе важи за целата тероторија на Соединетите Американски Држави.

Со потпишување на документот американскиот претседател Бајден го изрази своето задоволство поради одлучниот напредок кон еднаквост, слобода и правда, не само за некои, туку и за сите граѓани на САД.

Бајден на оваа церемонија во градината на Белата куќа покани група парламентарни претставници од редовите на демократите и републиканците, како и активистите и луѓе кои водеа правни постапки за правото на секој да се венча. Меѓу гостите имаше музички и филмски ѕвезди.

Истополовите заедници од 2015 година се заштитени од Врховниот суд на САД, а сега новиот закон ги укинува претходните закони кои го дефинираа бракот како заедница на маж и жена и им забранува на матичарите без оглед на тоа во која сојузна држава работат да вршат дискриминација на двојките врз основа на пол, раса, етничка припадност и потекло.

Подготвено од М.Н.

About Author