02.12.2022 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин доколку тој покаже дека е заинтересиран да стави крај на војната што ја води во Украина.
Бајден ги опиша акциите на Русија во Украина како „болни” и истакна дека засега нема планови да контактира со Путин.
Ова Бајден го изјави за време на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, на која двајцата лидери ја потврдија својата посветеност да ја поддржат Украина.
Претходно, двајцата ветија дека Русија ќе одговара за воените злосторства во Украина.
Подготвено од А.Ѓ.