28.12.2022 Скопје
Многу авиокомпании во Соединетите Американски Држави откажаа илјадници летови поради смртоносната арктичка зимска бура.
Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека неговата администрација од авиокомпаниите ќе бара одговорност поради донесените одлуки за откажување на летовите.
Бајден ги упати луѓето чии летови беа откажани во Одделот за транспорт поради компензација.
Според веб-страницата FlightAware, која ги следи дневните доцнења и откажувања на летови, околу 20.000 летови се откажани низ целата територија на САД од 22 декември.
Подготвено од М.Н.