23.12.2022 Скопје
Автомобилскиот бренд „МG Motor” започна со официјална продажба на своите автомобили оваа година во Република Северна Македонија.
Новата продажна кампања со која официјално започнува продажбата на „MG Motor“ во нашата држава носи наслов „7 години опуштени“ при што сите елементи се во бројот „7“. Како носечки модел на кампањата е најпродаваниот SUV на „MG Motor “ во Европа моделот ZS, кој како и моделот EHS е достапен веднаш со 7 годишна гаранција.
Кампањата вклучува атрактивна рата за 7 годишна исплата на возилото од 189 евра, 7 години помош на пат како и гарантиран откуп на возилото од страна на Ми-Да Гранд Моторс по 7 години. Акциската цена на моделот MG ZS е 18.900 €.
Генералниот директор на Ми-Да Гранд Моторс г-дин Дритон Заири изјави дека се задоволни од резултатите на продажбата со оглед на тоа дека само пред извесно време започна продажбата на овие автомобили.
Автомобилскиот бренд MG Motor потекнува од Англија од далечната 1924 година, познат е по спортските „купе“ автомобили. Новата преродба на брендот носи врвни автомобили кои се направени со современи технологии, квалитетни материјали со електричен, хибриден и бензински мотор. Автомобилите се произведуваат во модерната фабрика на SAIG (Shanghai Automotive Industry Corporation), кој е главниот „виновник“ за преродбата на брендот откако стана негов сопственик.
Подготвено од М.Н.