https://www.freepik.com/free-photo/place-flying-sunset-sky_1145580.htm#query=plane&position=7&from_view=keyword

05.02.2022 Скопје

Јохан Лундгрен, шеф на авиокомпанијата „Изиџет“, изјави дека луѓето не се откажуваат од патувањата и трошоците за време на празниците, иако има сериозна криза во трошоците за живот.

За Би-Би-Си, Лундгрен истакна дека британската евтина мултинационална компанија забележала силна побарувачка за летови во овој преоден период, потоа околу Божиќ и Нова година, и покрај „притисокот“ врз домаќинствата.

Секако, тоа е притисок од финансиска природа, додека цените на храната и енергијата постојано растат, а платите само во некои делови од светот растат.

Би-Би-Си јавува дека во добар дел од земјите заработката стагнира, а водечките технолошки компании даваат отпуштања секој час.

Сепак, Лундгрен понатаму истакнува дека побарувачката, надвор од шпицот на сезоната, останала под нормалните нивоа.

Евтиниот превозник пријави „ненадејно враќање“ во продажбата и ги намали загубите во годината што заврши на 30 септември. Компанијата соопшти дека се соочила со „повеќе шокови“ во тој период, вклучително и ограничувањата за ковид и влијанието на руската инвазија на Украина, што ги зголеми цените на горивото.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author