13.12.2022 Скопје
Министерството за надворешни работи на Грција истакна дека неприфатливо е тоа што претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се заканува дека со балистички ракети ќе ја нападне Атина.
Никос Дендијас, на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, истакна дека неприфатлива е заканата од членка на НАТО со ракетен напад на Грција.
Претседателот на Турција, Ердоган изјави дека со неодамнешното тестирање на турскиот балистички проектил „тајфун“ ја исплашил Атина и истакна дека Анкара нема да седи со скрстени раце додека Грција продолжува со милитаризацијата на своите острови во Егејско Море, во близина на турскиот брег.
Ердоган во својата изјава додаде дека Атина треба да се плаши, бидејќи сега Турција има свои ракети, и доколку не се смират во однос на дејствијата и непромислените одлуки и да се обидат да постават американско оружје на островите, тогаш ракетата „тајфун“ може да ја погоди Атина.
Подготвено од М.Н.