21.12.2022 Скопје
Веб-страницата News247 објави дека Вашингтон врши притисок врз Атина да испрати С-300 на Украина, но без да изгледаат подготвени да ги заменат со свои Патриоти.
Министерот за одбрана Никос Панајотопулос, наводно, ја оставил отворена можноста за испраќање С-300 во Украина, под услов САД прво да распоредат ракети Патриот на островот Крит и да ги интегрираат во националниот систем за воздушна одбрана. Тој, исто така, истакна дека истиот процес се однесува на кој било друг руски систем за воздушна одбрана што САД би сакале да го испратат во Украина.
Со растечкото непријателство од Турција, Грција сака да обезбеди дека нејзините одбранбени капацитети нема да бидат засегнати.
На 19 декември, триесет и еден турски авион, од кои дваесет носеа оружје, го нарушија воздушниот простор на Грција преку Егејското Море без да поднесат план за лет.
Порталот HellasJournal неодамна ја праша американската влада дали Вашингтон ќе го замени С-300 со Патриоти. Портпаролот на Стејт департментот Едвард Прајс одговори, фрлајќи ја топката назад на теренот на Грција.
Прајс истакна дека секоја земја треба сама да одлучи што може да подготви и да и обезбеди на Украина, а тие секако ги ценат многуте начини на кои меѓународната заедница, вклучително и Грција, ја покажа својата поддршка. Воедно, додаде дека секогаш се повикуваат на релевантните земји во врска со секој придонес што тие го даваат или можат да дадат за самоодбраната на Украина.
Во меѓувреме, Русија ја предупреди Атина да не испраќа С-300 во Украина.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека провокативните намери за снабдување на режимот во Киев со С-300 и други системи за воздушна одбрана од руски/советски стил се отворено непријателски кон Русија. Воедно, додаде дека не треба да се сомневаат дека целата воена опрема испратена во Киев ќе биде „навремено откриена и уништена од вооружените сили на Руската Федерација“.
Захараво предупреди дека пред да биде предоцна, Грција може да се откаже од опасните планови и уште еднаш го предупредуваат грчкото раководство на одговорноста.
Претходно, постојаниот претставник на Русија на Крим Георги Муратов изјави дека таквиот потег би бил „опасен чекор кон нејзините национални интереси“.
По руската инвазија на Украина, грчко-руските односи достигнаа историски најниско ниво.
Москва секогаш се повикува на анкети кои сугерираат дека огромното мнозинство Грци (63%) се противат на испраќање оружје во Украина бидејќи тоа ја става Грција „во опасни ситуации“.
Според анкетата во март, 32 отсто веруваат дека треба да се испрати хуманитарна помош и воен материјал, додека само 1 отсто велат дека треба да се испраќа „само воен материјал“.
Подготвено од А.Ѓ.