https://www.facebook.com/photo?fbid=154386127343895&set=pcb.154386287343879

20.12.2022 Скопје

Репрезентацијата на Аргентина и Лионел Меси рано утрово пристигнаа во Буенос Аирес по освојувањето на Светското првенство во Катар.

Во Аргентина е прогласен државен празник во знак на добредојде на репрезентацијата.

Стотици илјади навивачи се очекува денеска да излезат на улиците на Буенос Аирес за време на победничката парада.

Аргентинците жестоко слават од неделата, а некои и веќе кампуваа таму и ги чекаа своите миленици.

Буенос Аирес првпат ги пречекува светските шампиони по 1986 година, кога Аргентина го освои Светското првенство со Диего Армандо Марадона.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *