https://www.facebook.com/photo?fbid=752962179528708&set=pcb.752962342862025

19.12.2022 Скопје

По неверојатните 120 минути во кои резултатот беше 3:3, Аргентина ја освои својата трета светска титула, победувајќи ја Франција на пенали со 4:2.

По едно неверојатно драматично финале, Лео Меси, конечно ја круниса својата фантастична кариера со најголемиот трофеј во фудбалот.

На моменти на финалето во Доха изгледаше дека Аргентинците не можат да загубат, но Франција секогаш успеваше да најде начин да се врати во возбудливата игра предводени од хет-трикот на Килијан Мбапе. На крајот трофејот се одлучуваше во пенал-серијата, каде што Аргентинците беа безмилосни и постигнаа четири гола, додека Кингсли Коман и Орелиен Чуамени не дадоа голови.

Фантастичниот финален натпревар на Светското првенство беше проследен со многу емоции во Аргентина. Буенос Аирес, најголемиот аргентински град моментно „гори“ и веројатно така ќе продолжи да биде и во следните неколку дена.

Подготвено од М.Н.

About Author