21.12.2022 Скопје
Фентанил е смртоносна дрога која е 50 пати посилна од хероинот, а смртоносната доза за човек може да се стави на врвот на молив.
Количината запленета фентанил во 2022 година е доволна за да ги убие сите граѓани на САД, соопшти денеска американската Администрација за борба против дрогата ДЕА.
ДЕА заплени повеќе од 4.500 кг фентанил и 50,6 милиони апчиња фентанил од препродавачите како лекови против болки, што е двојно повеќе отколку во 2021 година.
Најголемото количество од оваа дрога пристигнува во САД од Мексико, каде што се произведува во тајни фабрики од нарко картелите Синалоа и Халиско, користејќи хемикалии од Кина, а главен приоритет на ДЕА е да ги уништи овие два наркокартела, стои во соопштението.
Во 2021 година, повеќе од 100.000 Американци починаа од последици на дрога, а фентанилот бил одговорен за две третини од овие смртни случаи.
Подготвено од М.Н.