https://www.flickr.com/photos/130148356@N08/16727181138/in/photolist-ru8bbN-gTFmmG-o9jLP-oibWe5-dctUdR-fPck6p-dhKXxA-s7Bjai-cpLHm7-cxxjFm-oUYbju-cv5Xxh-cXGwLJ-nRzea6-ddQycw-bNdh4-72uYVn-dkcVHL-VSy8Bk-ZT6Cfs-8vKv7M-xCCpjE-ZT6De1-ZPBWQ5-fPrFNN-ZT6Coo-9N749o-21VDYLb-ZT6Dg5-DQBuVj-21VDZaC-7k23vz-DQBuDh-a4VBEV-DQBv83-21VDY63-ZC4N2g-21TzFPu-ZT6CSQ-chbF3m-21VDYUC-pXQsLQ-HS2xot-21VDYMd-7z1THG-H2UfFp-21VDZgj-ZT6DeS-9rNEcT-2foH2EK

20.12.2022 Скопје

Албанската Влада донесе одлука за воспоставување систем за цивилна заштита, за што ќе потроши 30 милиони евра.

Предвидено да се изгради центар за цивилна одбрана, од кој дел ќе бидат оперативни сали поврзани со центарот, изградба на објекти за пребарување и спасување, набавка на опрема за природни непогоди, меѓу кои и хеликоптери за гаснење пожари.

Министерот за одбрана на Албанија Нико Пелеши информираше дека Владата го усвоила договорот меѓу Италија и Албанија за кредит во износ од 30 милиони евра наменети за воспоставување систем за цивилна заштита.

Според Пелеши во центрите ќе има структури за пребарување и спасување, ќе биде набавена целата потребна опрема за елементарни непогоди, а за вработените ќе биде спроведена и обука.

Дел од кредитот ќе биде наменет за набавка на два хеликоптера за гаснење пожари, кои до сега Албанија ги немаше,а ќе има и тренинг камп за пожарникари, истакна министерот Пелеши.

Подготвено од М.Н.

About Author