15.12.2022 Скопје
Како резултат на притисокот од јавноста и економијата, Кина почна со забрзано темпо да ја олабавува својата политика „нулта ковид“, и поради тоа може да се очекува дека наскоро ќе започне патувањето без карантин, во некоја форма на пилот проект веќе пред новогодишните празници кои започнуваат на 22 јануари.
Извршниот директор на Унилајн, Борис Жгомба изјави дека се чувствува оптимистички и тврди дека се зборува само за тоа што би можело да се случи доколку ковид мерките се олабават.
Кинеската Нова година не е далеку и Кина веќе е подготвена да ги отвори вратите на туристите, истакна Жгомба.
Франка Гулин, директорка на претставништвото на Хрватскиот туристички одбор во Кина, истакнува дека е важно што за прв пат по речиси три години има одредена промена, и додаде дека во вторникот било објавено дека ограничувањата за патување меѓу Кина и Хонг Конг ќе бидат укинати во јануари, а владината мобилна апликација што се користи за следење на историјата на патувања на население од 1,4 милијарди луѓе ќе биде укината наредниот вторник.
Подготвено од М.Н.