https://www.facebook.com/photo/?fbid=358990939744773&set=a.231255619184973

03.12.2022 Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се шест мерки за управување под дејство на алкохол, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за некористење сигурносен појас.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author