11.11.2022 Скопје
Емили Клајн за сајтот BabyChick потенцира дека комплиментите фокусирани на изгледот можат да бидат забавни и симпатични на прв поглед, но важно е родителите да пронајдат и други начини за да им упатат комплименти на децата, особено кога станува збор за квалитетен почеток на училишната година.
Комплиментите основани на детското однесување можат да ги поттикнат децата да се поправат и размислуваат за тоа како самите се одговорни за нивното однесување.
Истражувањата покажуваат дека комплиментите можат да бидат корисни за децата за мотивација, соработка, упорност и одговорно однесување.
Постојат два различни начини да пристапите со одбран комплимент. Можете да го охрабрите однесувањето на детето или може да го охрабрите однесувањето во кое би сакале вашето дете да се поправи.
Од мала победа може да направите голема работа и со охрабрување да му помогнете таквото однесување детето да го развива.
Подготвено од А.Ѓ.