29.11.2022 Скопје
Истражувањето на Европската црвена листа за пчели покажува дека животниот век на пчелите е намален за речиси 50 отсто во последните 50 години.
Новото истражување наведува дека еден од десет видови диви пчели се соочува со истребување, а истражувачите ги повикуваат луѓето да се запрашаат како би реагирале доколку човечкиот животен век се преполови, а тоа би значело дека просечниот човек би живеел 41 наместо 82 години.
Иднината на човештвото е врзана за пчелите, бидејќи без нив и другите опрашувачи е невозможно да се одгледуваат повеќето култури од кои зависи човечката храна.
Во САД во текот на зимата 2006/2007 година беше особено изразен поморот на пчелите, кога некои комерцијални пчелари изгубија 90 проценти од нивните колонии.
Високи стапки на смртни случаи од пчелни колонии се пријавени во Канада, Австралија, Белгија, Франција, Холандија, Грција, Италија, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Германија, Финска и Полска.
Поленот со кој пчелите ги хранат своите ларви често е загаден со пестициди, а тоа може да ја влоши нивната ситуација бидејќи се изложени на мали дози на високо токсична група пестициди наречени неникотиноиди, што ја намалува нивната отпорност на болести.
Подготвено од А.Ѓ.