https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/6/62/Mali_Korab_and_Korabska_Vrata.jpg

02.11.2022 Скопје

Во Маврово, денес и утре, се одржува студиската регионална консултативна работилница на ОБСЕ „Климатските промени и безбедноста на Шар Планина/Шара и Корабскиот Масив“.

На работилницата се дискутира за развивање заедничка стратегија за соработка и прилагодување и план за нејзино спроведување, а се споделуваат и примери за најдобрите пракси од соработката во регионот на Шар Планина и Корабскиот Масив, и пошироко.

На отварањето обраќање имаше министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој истакна дека областа на Шар Планина и масивите на Кораб беа идентификувани како приоритетно жариште за соработка во Извештајот на ОБСЕ и „Аделфи”: „Регионална проценка за Југоисточна Европа: Безбедносни импликации од климатските промени”.

Насер Нуредини истакна дека земајќи ги овие наводи како почетна точка, оваа сеопфатна ситуација има за цел да го процени тековниот контекст на заедничките активности на ниво на заштитеното подрачје во Шар Планина и областа на Корабскиот масив. Како што истакна Нуредини, врз основа на оваа проценка, студијата на ОБСЕ има за цел да собере и развие идеи за понатамошни активности за соработка помеѓу различните засегнати страни во областа, како и да помогне во идентификација на она што е потребно за нивна успешна реализација и ова ќе придонесе за унапредување на соработката и намалување на безбедносните ризици предизвикани од климатските промени на Шар Планина и областа на масивите на Кораб.

Според Нуредини, спроведувањето на политиките и мерките поврзани со климатските активности ќе го забрза закрепнувањето на инвестициите и активностите во главните економски сектори како што се услужниот сектор, туризмот, градежништвото и енергетиката, а во исто време ќе создаде нови и зелени можности за отворање на нови работни места. Исто така, од суштинско значење е да се преземат проактивни чекори за да се изгради отпорност кон климатските промени и да се инвестира во мерки за адаптација, особено за најсиромашните или најмаргинализираните во општеството, како и за секторите најпогодени од пандемијата.

Работилницата е во организација на Канцеларијата на координаторот за економски и еколошки активности на ОБСЕ и се спроведува во рамките на Проектот „Јакнење на одговорите на безбедносните ризици од климатските промени во југо-источна Европа, источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија”, кој се реализира под раководство на Координаторот на ОБСЕ за економски и еколошки активности (ОЦЕА), во партнерство со Центарот за истражување и консултации со јавна политика „Аделфи”.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *