02.11.2022 Скопје
Од следната недела, железничкиот сообраќај во Холандија ќе биде намален поради постојан недостаток на персонал.
Железничкиот оператор НС најави дека распоредот за железничките линии дополнително ќе се коригира поради недостиг на персонал од 7 ноември, истакнувајќи дека на повеќе линии во Холандија ќе сообраќаат помалку возови.
Според извештаите на локалните медиуми, компанијата не успеала да пополни повеќе од 2.000 слободни позиции, што сочинува една десетина од работната сила во холандските железници.
Од железничкиот оператор НС наведуваат и дека ќе бидат принудени да укинат некои линии доколку наскоро не најдат решение за недоволната работна сила.
Подготвено од А.Ѓ.