10.11.2022 Скопје
Актерот Шон Пен, кој по трет пат е во посета на Украина, во Киев оствари средба со претседателот Володимир Зеленски, и му ја подари својата „Оскар“ статуетка.
Зеленски пак како благодарност кон актерот Шон Пен, и поради неговиот политички активизам, му врачи „Орден“ за заслуги за зајакнување на односите, поддршка на територијалниот интегритет на Украина, и помагање за популаризација на земјата.
На официјалниот профил на претседателот Володимир Зеленски, истакната е видео снимка каде што со американскиот актер си ги разменуваат подароците, а подоцна ја гледаат и плочката со потписот на актерот, на која е испишан и датумот 24 февруари 2022, денот кога започна руската инвазија врз Украина.
Таа плочка е поставена во Алејата на храброста, која украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја отвори во Киев, во чест на сите пријатели на Украина.
Подготвено од М.Н.