20.11.2022 Скопје
Министерството за животна средина се сложи само делумно со барањата од амандманот на Зелен хуман град за поставување на нови сензори кои ќе го мерат квалитетот на воздухот во Скопје.
Идејата на Зелен хуман град е да се постават 100 ниско буџетни станици низ градот кои ќе утврдат каде е загадено, а инспекторите со скапи, сертифицирани мерни станици ќе дојдат и ќе потврдат кој е причинителот за загадување.
Од Зелен хуман град истакнуваат дека поради забрана од страна на Министерството за животна средина за тоа како треба да изгледаат тие сензори зад кои што градот треба да застане се намалија од 100 на сега само два, истакнувајќи дека тие како активисти имаат почнато да собираат донации од фирми, од личности кои што се загрижени за здравјето на скопјани.
Во моментот квалитетот на воздухот во Скопје се мери со десетина мерни станици, а во државата има вкупно 21. Проблем е тоа што серверите од каде што се читаат информациите честопати паѓаат и не се во функција.
Подготвено од А.Ѓ.